
Од велешката фабрика за масло „Благој Ѓорев“ велат дека поевтинувањето се должи на намалените цени на суровото сончогледово масло, пренесува „Утрински“.
„Цената на сончогледот на светските берзи и на суровото масло е во опаѓање, богатиот род на сончогледот во соседството, во Бугарија, Србија, Романија но и во Украина придонесе да се намали цената по тон. Не може да се каже до кога ќе трае овој тренд но во зависност од тоа ќе се формира и цената на македонскиот пазар.“ – изјавил извршниот директор на „Маслодајна“, Горан Лазов.
OhridNews
„Макфакс“












