Отворен зелен телефон на којшто граѓаните ќе може да ги пријават сите проблеми и недоследности во собирањето на селектираниот отпад.

Воедно на истиот телефон може граѓаните да ги насочат сите прашања поврзани со воспоставувањето на системот за примарна селекција на отпад во Охрид, велат од ЈП Охридски Комуналец.

Потсетуваат дека засега селекцијата е започната на улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март”, кадешто пред неколку месеци беа поделени жолти и сини канти.

За следните населби кои ќе бидат вклучени во процесот на примарна селекција ќе бидете благовремено известени. Со Хорека проектот селекција на отпад ќе започнат и девет хотели и 11 училишта до крајот на годината, додаваат од претпријатието.

OhridNews