Зелена гастрономија во Охрид: Ученици и студенти готвеа заедно за одржлива иднина (видео)
03.05.25 13:02
Едукативна и инспиративна работилница под наслов „Зелена гастрономија: Одржливи практики во кујната“ се одржа на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид во соработка со Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.
Настанот започна со топло добредојде, домашни колачи и поздравен говор од деканката на Факултетот, проф. д-р Снежана Дическа. Следуваше предавање од проф. д-р Ангела Паскуале на тема „Зелена гастрономија“, каде беа презентирани клучните концепти за одржливо готвење, локално производство и еколошки пристап во гастрономијата.
Кулминацијата на работилницата беше заедничкото готвење на студенти и ученици, под менторство на проф. д-р Климент Наумов.
Младите готвачи креираа здрави, локални и еколошки оброци, во духот на современата зелена кујна. Овој настан не само што ги спои теоријата и практиката, туку и испрати силна порака: Иднината на гастрономијата е зелена, одржлива и креативна, велат од ФТУ Охрид.
Воедно додаваат дека насоката Гастрономија при Факултетот нуди современо образование со силен фокус на практична обука, иновации и одржлив развој.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со општина Охрид денес со омаж посветен на роднокрајниот автор Зоран Ковачевски ќе ја одбележат дваесет годишнината од неговата смрт Зоран Ковечевски е македон...
Овој Георгиј се роди во Кипар во втората половина на четвртиот век Уште многу млад поминуваше долго време читајќи го Новиот завет и набргу во него се разгоре силна љубов кон монашкиот подвиг, па зе...
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и со остатоци од снег по коловозите, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.