Зелена гастрономија во Охрид: Ученици и студенти готвеа заедно за одржлива иднина (видео)
03.05.25 13:02
Едукативна и инспиративна работилница под наслов „Зелена гастрономија: Одржливи практики во кујната“ се одржа на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид во соработка со Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.
Настанот започна со топло добредојде, домашни колачи и поздравен говор од деканката на Факултетот, проф. д-р Снежана Дическа. Следуваше предавање од проф. д-р Ангела Паскуале на тема „Зелена гастрономија“, каде беа презентирани клучните концепти за одржливо готвење, локално производство и еколошки пристап во гастрономијата.
Кулминацијата на работилницата беше заедничкото готвење на студенти и ученици, под менторство на проф. д-р Климент Наумов.
Младите готвачи креираа здрави, локални и еколошки оброци, во духот на современата зелена кујна. Овој настан не само што ги спои теоријата и практиката, туку и испрати силна порака: Иднината на гастрономијата е зелена, одржлива и креативна, велат од ФТУ Охрид.
Воедно додаваат дека насоката Гастрономија при Факултетот нуди современо образование со силен фокус на практична обука, иновации и одржлив развој.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова приреди традиционален годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор во Охрид Во обраќањето, таа ја истакна важноста на културната, економската, спо...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 и 31-годишни лица, двајцата од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“ по член 226 од Кри...
После синоќешните снежни врнежи мобилизирани се дежурните екипи на ЈП Охридски Комуналец со целокупната расположлива механизација и човечки ресурси Се интервенира во расчистување на снежната покрив...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.