Како што објаснува проф. Д- р Сузана Патчева, директор на Хидробиолошкиот институт, станува збор за кончеста разгранета алга која природно се јавува во крајбрежниот појас на езерата од умерен и тропски топплотен појас.
– Нивното појавување и цветање се интензивира со зголемување на температурата и зголемениот интензитет на светлина, но истражувањата покажале дека тоа е резултат и на фосфорното оптоварување, односно поради зголемената концентрација на фосфорот во водата, вели проф. Д- р Патчева.
Патчева потенцира дека неопходно е редовно чистење на расцветаната алга, бидејќи таа по извесно време, под дејство на бактериите се разградува при што се шири непријатен мирис , но тоа влијае и врз условите за опстојување на живиот свет во езерото, затоа што доаѓа до намалување на кислородот во водата.
Со цел да се спречи непријатната гледка при распаѓањето на зелените алги и ширењето на непријатната миризба, чистењето го вршат екипите задолжени за оддржување на јавна чистота при ЈП „Охридски комуналец“ .