Министерството за економија е во преговори со неколку банки за воведување на таканаречени „зелени кредити“ за вградување на сончеви колектори во домовите, со што би се искористиле и европските средства кои се на располагање за оваа намена.

Министерот за економија Ваљон Сарачини вчера објасни дека според планираното, ваквиот начин на кредитирање, кој треба да стартуваат од септември ќе обезбеди  плаќање на девет рати. Според првичните пресметки, домаќинствата кои ќе земат кредит за вградување на колекторски систем во својот дом, ќе треба да плаќаат од 60 до 70 евра месечна рата.

Досега околу 1.200 граѓани поднеле барања за субвенции за сончеви колектори, а од Министерството за економија очекуваат дека заклучно со 31 мај 2012 година да пристигнат околу 1.500 апликации.

На 9 јуни ќе се одржи јавно извлекување по случаен избор на оние кои аплицирале за поврат на средства. На преку 300 граѓани кои купиле и вградиле соларни системи во нивните домови, ќе им бидат вратени 30 отсто од парите што ги потрошиле, но најмногу до 300 евра.

Во Македонија 20-тина илјади домаќинства веќе поставиле соларни термални колектори.

OhridNews