Владата на првата седница по конституирањето се очекува да го разгледа предлогот за поевтинување на зелениот картон за околу 50 проценти.

Според најавите новата цена на зелениот картон за автомобили на годишно ниво ќе изнесува околу 60 евра.

Во регионот граѓаните на Македонија плаќаат највисока цена за зелен картон. Осигурителните компании сугерираат корекција на авто одговорноста, со што во иднина би можело реално да се размислува за целосно укинување на зелениот картон.

OhridNews