Советниците на денешната одржана седница на Совет дадоа зелено светло за Нацрт програмите за 2023 година со заеднички став дека треба заедно да работат на финализирање на програмите и Нацрт буџетот во насока на понуда на развоен, функционален буџет и капитални инвестиции.

Програмите кои ги разгледуваме се во Нацрт верзија и треба да бидат доработени со единствена цел носење на функционален, развоен и оставрлив буџет, рече на денешната седница на Совет, координаторката на советничката група на СДСМ, Живка Ангелоска.

Забелешките се надевам дека службите ќе ги земат во обзир кога ќе се изработува буџетот во финалната верзија. Нацрт буџетот според законската регулатива во наредниот период ќе биде на јавна расправа и би сакала граѓаните да бидат повеќе вклучени, зошто дирекното учество во креирање на буџетот е од голема важност, зошто од една страна ќе се креира согласно потребите на Општината за да може непречено да функционира и да ги дава услугите према граѓаните, а од друга страна ако имаме креатор граѓани, ќе биде усогласен и врз приоритетните потреби на граѓаните. Со оглед на тоа што е Нацрт верзија како советничката група на СДСМ и коалицијата отворени сме за соработка како советници и доколку имаме предлози од граѓаните кои ќе сметаме дека ќе можат да бидат имплементирани во буџетот амадмански благовремено ќе ги доставиме за да можат да најдат свое место во буџетот, рече Ангелоска.

Воедно имаше низа забелешки по однос на средствата во програмите и проектите кои и во минатите програми ги има, како и реализацијата на одредени проекти меѓу нив и реконструкцијата на плоштадот Крушевска Република и катната гаража.

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев истакна дека во идниот период како советници треба заеднички да  разгледаат што е тоа што треба да биде реализирано во наредниот период и што е приоритет на локална самоуправа.

Да најдеме заеднички јазик сите наши предлози да ги ставиме на едно место, да најдеме начин како да ги усогласиме меѓу нас и да ги поддржиме. Граѓаните помалку се упатени во однос на финансиските средства кои ги има локалната самоуправа на располагање и што е тоа што ние можеме како советници да го гласаме, а локалната самоуправа да го реализира. Бидејќи сега согласно Законот ние не можеме да го направиме буџетот како што бил во изминатите години и да го предвидеме на 800 милиони, па колку ќе реализираме толку. Сега Министерството дава финасии врз основ на реализацијата на оваа година и вкупните приходи согласно Закон и формира вкупен буџет кој можеме да го имаме како локална самоуправа, рече Донев.

Додаде дека тоа би значело од една страна дека не може да се расфрлаат со буџети и да креираат нови долгови на локалната, што е за поздравување, бидејќи во минатото се распишувало тендери и се работело така што после друг мислел за враќање на долговите, потенцирајќи дека сега долгот на Општината  е 20 милиони евра, а во најава е и уште еден нов долг во износ од 1 милион евра.

Според моите пресметки Министерството за финасии догодина буџетот ќе ни го намали за отприлика 30 милиони денари. Со долгот нов околу 1 милион евра, треба да планираме како советници дека приближно 50 милиони денари ќе имаме помалку на располагање средства од оваа година. Што значи дека догодина ќе имаме на располагање од 240 милиони до 280 милиони денари реално средства за сите работи, односно 4-5 милиони евра за сите проекти. Парите се тие треба да седнеме да одлучиме за што ќе ги трошиме. Проектите како реконструкција на проштадот Крушевска Република и катната гаража како што растат цените ќе бидат некаде отприлика над 2 милиони евра. Ќе треба да седнеме да видиме како ќе изнајдеме пари дали преку меѓународни институции, кредити од Светска банка итн. Бидејќи граѓаните од нас очекуваат развоен буџет и капитални инвестиции. Затоа во идниот период заедно да се искоординираме и да можеме да го усвоиме буџетот за 2023 година, рече Донев.

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески истакна дека во однос на проектот за реконструкција на плоштадот Крушевска Република сите забелешки кои биле нотирани од страна на Министерството за транспорт и врски се отстранети и минатата недела како следен чекор било пуштено повторно барање до Управата за културно наслество за добивање конзерваторско мислење.

Претходно го разгледувавме проектот и со Завод и Музеј Охрид и сметаат дека не би требало да има препрека за добивање на позитивно конзерваторско мислење, така да се надевам во текот на наредната недела ќе може и повторно да аплицираме во Министерството за транспорт и врски за одобрение и на крајот на оваа година да добиеме одобрение за градба, за од следната година да можеме навремено да отпочнеме со реализација на овој проект. Во однос на катната гаража имавме забелешки по однос на деловните простории од Комисјата на УНЕСКО, значи никакви други забелеши во однос на квадратурата, опфатеноста на градежната парцела …. Со оглед на тоа дека планот на локлната е катната гаража да не ја градиме преку продажба на земјиште, јавно-приватно партнерство, туку да ја градиме со сопствени средства сметам дека тука треба да се избориме тие деловни простори да останат и понатаму зошто од нив многу би повратиле од средствата за изградба на објектот. По однос на катната гаража ќе пробаме уште еднаш прелу Министерството за транспорт и врски да обезбедиме изградба на катна гаража со вклучени деловни простории, додаде Китески.

На денешната седница беа изгласани и Одлуката за давање согласност на одлуката за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градски Пазар – Охрид, давање согласност на Правилникот и Каталогот за стандардизација и визуелна унификација на локациите опфатени со анализата на визуелното оптеретување на градот Охрид, согласност на Статутот на приватна установа за деца-детска градинка АБЕЦЕДАР Охрид, Предлог-заклучокот за усвојување на Информација за постапката за ДУП за УЗ 10 дел од УБ 10.1 – опфат 1 и Предлог-одлуката за донесување техничка исправка за ГП А1.5 во ДУП за дел од УЗ 16-Рача, дел од УБ 16.2, опфат 1, Охрид, Oпштина Охрид.

Н.С.Ј.