Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека напредокот на Русија во источна Украина е само привремен.
Како што јави Би-би-си, Зеленски во дневното обраќање рече дека во јужниот и источниот дел на Украина „окупаторите сè уште прават сè што можат за да имаат причина да зборуваат за победи“.

Тој, сепак, рече дека ниту една од овие мерки нема да и помогне на Русија во војната против Украина. јт/
2022-04-22 12:02:39, од Јасмина Тасевска











