Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во Мариупол е многу тешка.
Нашите војници се блокирани, повредените се блокирани. Хуманитарна криза е … Сепак, момчињата се бранат, изјави Зеленски за „Украинска правда“.
Тој рече дека разговарал со лидерите на Обединетото Кралство и Шведска за тоа како најдобро да им се помогне на оние што го бранат Мариупол и десетиците илјади цивили заробени во опколениот град.

Или нашите партнери веднаш ѝ го дадат на Украина целото неопходно тешко оружје за да можеме да го намалиме притисокот на окупаторите врз Мариупол и да ја пробиеме блокадата или тоа ќе го правиме преку преговори, во кои улогата на нашите партнери треба да биде одлучувачка, рече Зеленски.
OhridNews











