Денес, пред почетокот на седницата на Управниот одбор, заедницата на единиците на локалната самоуправа ќе потпише меморандум за соработка со Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК).
При тоа, на седницата на ЗЕЛС се очекува да бидат разгледани состојбите со недостатокот на финансиски средства за образованието во општините, како и Меморандумот за соработка на ЗЕЛС со Групацијата на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.
Предвидено е и од страна на градоначалниците да се предложат делегати за Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа.












