Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 158 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.5.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
OhridNews
Фото. Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ