Телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 33 минути регистрирала земјотрес чии епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Г.М.