39 земјоделци и граѓани од општина Дебрца, меѓу кои и градоначалникот на општината, Зоран Ногачески, по четврти пат беа во организирана посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем „Нови Сад 2025”, најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството.

Општина Дебрца ги покри трошоците за автобускиот превоз, а останатите трошоци беа на товар на учесниците. Ова е во согласност со мерката дефинирана со Годишната програма за локален економски развој на општина Дебрца, учество на саеми, што подразбира финансиска поддршка на организирани настапи и посети на земјоделците на домашни и меѓународни саеми од областа на земјоделството, информираат од општината.

Посочуваат дека повикот за посета на Саемот јавно беше објавен на општинската веб страница и секој заинтересиран можеше да се пријави.

OhridNews