Серија земјотреси од кој најсилниот бил со јачина од 5 степени, ноќеска се регистрирани во соседна Албанија, 126 километри јигоисточно од Тирана, во близина на Корча.

Земјотрес со јачина од 4.8 степени според Европската макросеизмичка скала регистриран бил и утрово во 9 часот, исто така во регионот на Корча.

Претпладнево регистрирани биле уште два потреси со јачина од 3,5 и 3 степени.

Земјотресите во Албанија ги почувствуваа и жителите на Охрид.

 

OhridNews