-Ваквата постапка, треба да се заврши пред да почне аплицирањето за мерките од Програмата за финансиска поддршка, а целта е да се избегнат проблемите околу исплатата на субвенциите поради несовпаѓање на податоците или поради некомплетни податоци, односно за да можат субвенциите за земјоделците навреме да бидат исплатени, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од таму објаснуваат дека ваквото евидентирање ќе биде во функција и на комплетирање на компјутерската база на податоци на Интегрираниот систем за администрација и контрола – ИСАК. Овој систем кој се воведува согласно европските стандарди, има за цел да воспостави и поедноставување на контролата на директната финансиска поддршка на фармерите.