-Земјоделците побараа продолжување на рокот за поднесување барања по Програмата поради воведувањето нов систем на администрирање на директните плаќања во Република Македонија. Во насока на воспоставување Интегриран систем за администрација и контрола, се изврши интегрирање на софтверот за директни плаќања со софтверот на Единствениот регистар на земјоделски стопанства, при што се овозможи значајно намалување на документите кои барателите ги доставуваат во прилог на барањата, информираат од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Продолжениот рок за поднесување на барањата за субвенции ќе придонесе за целосен опфат на земјоделските стопанства во процесот на поднесување на барања.