До 20 февруари годинава земјоделците можат да аплицираат за субвенции за набавка на механизација за житни и индустриски култури. Според Програмата за рурален развој, поддршката е 50 до 75 отсто од вредноста на тракторите и другите машини.

Младите земјоделци ќе добиваат грант од 55 проценти, а за недостапни рурални средини, стапката е 75 отсто од инвестицијата или максимум 57.000 евра по корисник.

Годинава аплицирањето ќе биде по елетронски пат за што е неопходно земјоделците да се евидентирани во Фарм регистарот. Постапката е максимално поедноставена, потребните документи се сведени на минумум. Секој апликант може да поднесе барање за поддршка на инвестиција вредна најмногу 3,5 милиони денари. Со условите се посебно стимулирани младите земјоделци и жените сопственици на земјоделски стопанства.

Право на учество имаат земјоделците што во текот на годината ќе реализираат производство од 1,5 хектар житни и индустриски култури, како и најмалку 0,5 хектари тутун.

Преку Програмата за рурален развој, од 2009 година досега се набавени преку 2.200 трактори и повеќе од 7.000 други парчиња земјоделска механизација. Лани беа  одобрени 4,5 милиони евра на 930 корисници, а се набавени скоро 500 трактори и уште 1.500 други парчиња опрема.

OhridNews