
Во населените места Лескоец, Косел и Долно Лакочереј, беа презентирани програмите за финансиска подршка во земјоделството, програмата за рурален развој, ИПАРД програмата и формирање на земјоделски задруги.
„Отворени денови на земјоделството се одржуваат се со цел земјоделците да постават свои прашања, да ги истакнат нивните проблеми или предлози и сугестии поврзани со земјоделството, да одговориме и да ги пренесеме во Владата.“ – рече Игор Златков
Најмногу земјоделците се интересираа за субвенците за 2014 година, за подигање на нови овошни насади, формирање на земјоделски задруги и за ИПАРД програмата.
Директорот Златков ги повика сите заинтересирани земјоделски производители да аплицираат по ИПАРД програмата за трите мерки и тоа: „Инвестиции во земјоделска механизација“, „Преработка и маркетинг на земјоделски производи“, како и „Развој на селски туризам.“
Инаку, проектот „Отворени денови на земјоделството“ започна да се спроведува во декември минатата година, а истиот ќе трае се до февруари оваа година.
OhridNews











