Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала попладнево беше почувствуван во повеќе градови во Македонија.
ЕМСЦ додаде дека епицентарот бил на два километри јужно од Врапчиште.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на два километри под површината на земјата, а се случил во 13:04 часот
Според американскиот Национален информативен центар за земјотреси магнитудата изнесувала 4.9 степени Рихтерови степени, а потресот се случил на 60 километри од Скопје.
Освен вознемиреност кај населението, земјотресот, според првичните информации, не предизвикал други последици.













