Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, утрово во 08.10 часот регистриран е земјотрес во Грција, со јачина од 6,1 степен според Рихтер кој беше почуствуван и во Охрид.
Земјотресот е лоциран во море на 285 километри јужно од Тирана, односно на 27 километри западно од Лефкада.
Според грчките медиуми, во земјотресот загинале две жени и причинета е голема материјална штета во повеќе населени места во Грција.
OhridNews