Според податоци од светските интернет страници за земјотреси, епицентарот на земјотресот кој бил со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, бил во Бугарија, во близина на Перник, на длабочина од 9,1 километар и на 23 километри од Софија.
Земјотресот кој траел неколку секунди ги вознемирил жителите на повеќе бугарски градови, а дел од нив ги напуштиле своите домови и излегле на улица. Засега нема податоци за жртви и причинета материјална штата.
Освен во Македонија земјотресот бил почуствуван и во повеќе градови во Србија.