Земјотрес со магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Албанија, соопшти Сеизмолошкиот завод на Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил 27 километри југоисточно од Пука, а силината во епицентарот кој бил на длабочина од седум километри изнесувала шест степени според Меркалиевата скала.
Земјотресот бил почувствуван и во пограничните области на Црна Гора.












