Земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 120 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија, се случил денеска во 10 часот и 3 минути.
 
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван од жителите на Дебар и други места од југозападниот дел од Македонија.

Интензитетот во овој дел изнесувал три степени според Европската макросеизмичка скала.

OhridNews