Земјотрес со јачина од 5.2 степени според Европската макросеизмичка скала ја погоди соседна Албанија, а почувствуван е во повеќе градови од земјава меѓу кои и Охрид. Епицентарот на земјотресот кој се случи неколку минути пред 16 часот бил 55 километри северно од Тирана на длабочина од 10 километри.

Освен во Охрид и регионот, земјотресот бил почувствуван и во Дебар, Битола, Крушево, Скопје, Штип и други места во Македонија.

OhridNews