Два посилни земјотреси се регистрирани утрово во Словенија, соопшти хрватската Сеизмолошка служба.
Според истиот извор, првиот земјотрес бил со јачина од четири степени според Рихтер во 4 часот и 21 минута, а две минути подоцна бил регистриран уште еден со јачина од 3,4 степени.
Засега нема информации за евентуални штети.
извор: Makfaks












