Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечерта во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, посочуваат.
Ова е втор земјотрес во само неколку дека, откако во саботата беше регистриран со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2, од истото епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга. Земјотресот беше со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Н.С.Ј.












