Екипата на Зенит со неверојатен пресврт стигна до трите бодови на гостување кај Макаби Тел Авив победувајќи со 4-3 додека Манчестер Јунајтед со минимален пораз 1-0 од Феенерод ги започна мечевите во Лигата на Европа.


Руските фудбалери во 76-та минута имаа негатива 3-0, но со четири голови до финишот на мечот го свртеа резултатот во своја полза и победија со 4-3.

Прво, Кокорин намали на 3-1, во 84-та минута Роберт Мак намали на 3-2, а две минути подоцна резултатот го изедначи Џиулиано. Во 90-та минута Лука Ѓорѓевиќ го комплетираше пресвртот и обезбеди бодови и место во историјата за својата екипа.


Тимот на Феенерод со минимална победа го казни англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед и нивниот менаџер, Жозе Мурињо кој калкулираше со составот. На „црвените ѓаволи“ им пресуди Томи Вилхена со гол во 79-та минута од натпреварот.

Резултати:

Група А: Феенерод – Манчестер Јунајтед 1-0, Зорија – Фенербахче 1-1

Група Б: АПОЕЛ Никозија – Астана 2-1, Јанг Бојс – Олимпијакос 0-1

Група Ц: Андерлехт – Кабала 3-1, Мајнц – Сент Етјен 1-1

Група Д: АЗ Алкмар – Дундалк 1-1, Макаби Тел Авив – Зенит 3-4

Група Е: Астра – Австрија Виена 2-3, Викторија Плзен – Рома 1-1

Група Ф: Рапид Виена – Генк 3-2, Сасуоло – Атлетик Билбао 3-0

OhridNews