Репрезентативецот на Белгија, Аксел Витсел во зимскиот преоден рок ќе си ја оствари својата голема желба да премине во италијанскиот шампион, Јувентус.
Белгиецот, неколку пати беше поврзуван со трансфер, но преговорите на Јувентус и Зенит пропаѓаа поради големата оштета која ја бараше рускиот клуб.
Сега, на шест месеци од истекот на договорот, Зенит одлучи да го продаде токму во Јувентус, а „бјанконерите“ ќе платат само 6 милиони евра.
Витсел ќе биде вистинско освежување и засилување за клубот од Торино кој сезонава покрај одбрана на титулата во Италија има високи цели во Лигата на Шампиони.
OhridNews