
„ Добро е што екс директорката сама кажува дека “заради неусогласеност на Законот за градба и Законот за заштита на културното наследатво, невозможно било Министерството за транспорт и врски да издаде одобрение за градење и затоа проектот се реализира со конзерваторско одобрение“. Тоа и ние како здружение го посочивме и нема потреба повторно да се надмудруваме со толкување на законот. Затоа, ги повикуваме Јавното обвинителство, Народниот правобранител и Државната Комисија за спречување на корупцијата, согласно законските норми и овластувања ВЕДНАШ да реагираат и тие да дадат свое толкување, а согласно своите областувања и соодветно да реагираат.
Како прилог кон успешно разрешување на целиот случај (за кој ние и понатака сме на мислење дека е спротивен на законите, а притоа никого не ОБВИНУВАМЕ) ги упатуваме посочените институции да ја проверат постапката и носењето на Планот за интегрирана заштита на старото градско јадро кој го донесува Управниот Одбор на Заводот и музеј од Охрид, а кој произлегува од Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.“ – стои во реакцијата на Здружението на граѓани „Совест“.
OhridNews
ЗГ Совест: Алипашината џамија се реконструира незаконски и ќе ја измени сликата за Охрид











