Зголемен бројот на заболените со сезонски грип оваа година за разлика од предходните три години – времето на пандемија со COVID 19.
Во Центар за јавно здравје Охрид се пријавени шест случаи на заболени со сезонски грип во 51 недела во 2022 година, седум случаи во 52 недела во 2022, додека во првата недела од 2023 година 44 случаи.
Сите случаи се лабораториски потврдени и во 70 % е изолиран вирусот на инфлуенца тип А, информира епидемилогот од Центарот за јавно здравје во Охрид, Јованка Стурлакова Коровешоска.
Бројот на заболените е поголем. Приватните здравствени установи клиничките случаи на грип не ги пријавуваат, а болните со полесна клиничка слика се лекуват дома без консултација од доктор и ги немаме во евиденција. Според статистичките податоци од предходните години пред пандемијата со COVID 19 пикот на заболените е почеток на февруари, со почнување на второто полугодие на училиштата, вели Стурлакова Коровешоска.
Според податоците од Институтот за јавно здравје скоро двојно е зголем бројот на заболени споредбено со истиот период минатата година кога во ЦЈЗ Охрид биле регестирани 24 новозаболени.
Во сезоната на имунизација против сезонски грип 2022/2023 голем интерес за вакцинација имаше од хроничните болни и постари лица, додава Стурлакова Коровешоска, потенцирајќи дека вакцинирани се 2502 лица преку мој термин и 46 лица приватно (оние кои не ги исполнале условите за бесплатната вакцина).
Сите кои аплицирале преку мој термин, вели, а не добиле порака за термин доколку се јавеја во ЦЈЗ Охрид им се закажуваше нов термин и се вакцинирани.
Периодов некои пациенти се со респираторни вирусни инфекции, но има и многу со бактериски инфекции. Загадувањето сега овој период влијае како на имунолошкиот систем така и ПМ 10 честичките влијаат на горниот и долно респираторниот тракт, правејќи одредена ерозија, а со тоа и можност за полесно да дојде до заразување со одредени вируси или бактерија. Затоа е важно во овај период да се зајакни имунолошкиот систем со консумирање здрава храна, имунодулаторна терапија и секако физичка активност и престој на места каде што има чист воздух кога и да имаме можност за тоа, препорачува Стурлакова Коровешоска.
Иако бројот на заразени од корона е намален, сепак овој вирус е уште присутен, вели, додавајќи дека во ноември имало 26 заболени и едно починато лице, во декември 18 заболени и немало починати лица, додека во јануари до денес има две заболени лица.
Н.С.Ј.