Од почетокот на годината до сега, екипите на ЕВН Македонија открија над 400 кражби на електрична енергија. Кражбите се откриени при редовните контроли на мерните места и специјалните анализи на потрошувачката и испораката онаму каде што постои сомнеж за неовластено користење на електричната енергија.
За сите корисници се поднесени пресметки за неовластено користење на електричната енергија и кривични пријави. Украдени се над 5 милони киловатчаса електрична енергија и направена е штета од 700 000 евра. Државата е оштетена за процентот на данокот на додадена вредност кој не може да се наплати при кражби, велат од ЕВН.
Од компанијата информираат дека во споредба со истиот период минатата година кражбите се скоро двојно намалени. Ова се должи пред се на континуираната контрола која на мерните места ја прават ЕВН и полицијата, како и на строгите законски мерки. Зголемувањето на затворските казни и пресудите, му дадоа сериозност на пристапот за сузбивање на овие кривични дела. Од почетокот на годината донесени се вкупно 165 судски пресуди, од нив 9 се пресуди со кои е изречена затворска казна за неовластено користење на електрична енергија. Заедно со 5- те пресуди од минатата година вкупно 14 корисаници ќе се најдат зад решетки поради кражби на електрична енергија и сл. кривични дела, истакнуваат од ЕВН.
Сепак, најголемата штета од кражбите ја имаат корисниците кои редовни ги плаќаат сметките и дистрибутивниот систем. Голема е опасноста по животите и здравјето во близина на кражба на електрична енергија, често се случуваат и експлозии и пожари. Онаму каде има кражби има и чести дефекти и слаб напон, посочуваат од ЕВН.
OhridNews