Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално без забрани по суви и чисти коловози, информираат од Авто- мото сојузот на Македонија.

На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај е зголемен на патните правци надвор од градските средини, особено кон туристичките места. Зголемена фреквенција на возила се бележи и на автопатот Е – 75 од Табановце кон Богородица. На двата гранични премини кон Грција има поголем број на возила и очекувани се подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews