Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2015 година се издадени 336 одобренија за градење, што е за 10,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.860.616 илјади денари, што е за 40% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 216 (64,3%) се наменети за објекти од високоградба, 49 (14,6%) за објекти од нискоградба и 71 (21,1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 336 објекти, кај 216 (64,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 120 (35,7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови, со вкупна корисна површина од 65.430 м2.

На подрачјето на Охрид во текот на месец декември биле издадени 2, а во Струга 7 одобренија за градење.

OhridNews