Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренијата, изнесува 1.668.766.000 денари што е за 17,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од 174-те одобренија за градење, 131 (75.3%) се наменети за објекти од високоградба, 17 (9.8%) за објекти од нискоградба и 26 (14.9%) за објекти за реконструкција. Од нив на 119 (68.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 55 објекти (31.6%) инвеститори се деловни субјекти, при што предвидена е изградба на 442 станови, со вкупна корисна површина од 38.194 метри квадратни.