Во општинскиот Електро- машински училишен центар „Св. Наум Охридски“ годинава се запишале нови 189 ученици, што споредено со минатата година е за 20 повеќе.
– Годинава бележиме позитивен тренд и зголемување на бројот на новозапишани ученици за 20 што всушност значи една паралелка повеќе. Се надевам ваквиот тренд ќе се задржи и во текот на наредните години. Сметам дека за поголемиот интерес на учениците придонесоа новите содржини кои ги нуди училиштето, како и посветеноста на наставниот кадар , вели ВД директорот на училиштето, Јане Цаноски.
Почетокот на новата учебна година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше одбележан со пригодна свеченост на која се обрати и градоначалникот Никола Бакрачески.
OhridNews