Во месец јануари 2012 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2011 година.

Како што соопшти Министерствиото за транспорт и врски, во овој месец од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 68.877 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 51.710 патници што претставува пораст од 23.5 %.

Порастот се должи на зголемениот број на патници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, каде во јануари 2012 година се рaегистрирани 60.911 патници што во однос на истиот месец минатата година, кога биле регистрирани 44.875 патници, претставува зголемување за 35.7%. Во истиот период е забележано и зголемување на бројот на редовни линии за 36.6%, односно 717 редовни линии во јануари 2012 во однос на 525 кои биле реализирани истиот период минатата година.

Исто така, забележан е вкупен пораст во бројот на операции на воздухоплови на двата аеродрома во јануари 2012 и истиот изнесува 923, што е за 17.1 % повеќе од 788-те операции на воздухоплови кои биле изведени во јануари 2011 година.

 
По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови. Имено, во текот на 2011 година на двата аеродрома во Република Македонија биле превезени вкупно 834.273 патници што претставува пораст од 15% во однос на 725.472 превезени патници во текот на 2010 година. Освен во превозот на патници, забележан е пораст и во карго-превозот од 9.8%, информираат од Министерството за транспорт и врски.

OhridNews