
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март годинава, во однос истиот период лани, бележи опаѓање од 1,3%. Во делот на Преработувачка индустрија бројот на работници пораснал за 8,7%, додека пак во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се намалил за 0,5%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај Интермедијарните производи за 1,9%, Капиталните производи за 86,9%, Трајните производи за широка потрошувачка за 3,7% и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 3,7%. Опаѓање на вработените е евиденирано кај производството на Енергија за 1,8%.
OhridNews












