Се зголемува бројот на станбени згради, кои согласно законот за домување, се управувани од лиценцирани управители . Како што информира денес министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, од вкупно регистрирани 10.000 згради во Македонија, околу 50% веќе се управувани согласно законот кој стапи во сила во 2009 година. 

Вкупниот број на станбени згради кои се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици изнесува 4.577, од кои  2.968 со регистрирани заедници на сопственици и 1.609 згради кои се управувани од лиценцирани управители.

Министерот нагласи дека општините треба да востановат и регистри на станбени згради и станови, регистри на управители,и инспектори за домување.

OhridNews