Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2011 година изнесува 37 142, а бројот на ноќевањата изнесува 87 413.

Бројот на туристите во април 2011 година, во однос на април 2010 година, е зголемен за 2.8%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1.3%.

Бројот на домашните туристи во април 2011 година, во однос на април 2010 година, е намален за 16.9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 19.8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2011 година, во однос на април 2010 година, е намален за 18.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 29.0%.

Во периодот јануари – април 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.7% и тоа кај домашните туристи е забележано намалување за 4.3%, а кај странските зголемување за 20.5%.

Во периодот јануари – април 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.1% и тоа кај домашните туристи е забележано намалување за 9.7%, а кај странските зголемување за 24.0%.

OhridNews