Во ноември, во Македонија престојувале 32.810 туристи, односно за 10,8 % повеќе во однос на истиот месец во 2010 година. Реализирани биле 72.346 ноќевања, што значи зголемување за 9,8 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во ноември 2011 во однос на ноември 2010 е зголемен за 3,1 отсто, а на странските за 15,6 проценти.

Во периодот јануари – ноември 2011 во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,4 отсто.

Кај домашните туристи има намалување за 0,4 проценти, а кај странските има зголемување за 26,1 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 7,9 отсто, кај домашните туристи има намалување за 2,7 проценти, а кај странските има зголемување за 36,4 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2011 година во однос на ноември 2010 е зголемен за 8,7 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 10,8 проценти.

OhridNews