Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2013-та изнесува 42 380, што во однос на истиот месец минатата година е зголемен за 4,1 отсто, додека бројот на остварени ноќевања во земјава е 93 455 или 9,7 отсто повеќе од април 2012-та година.
Бројот на домашните туристи во април 2013-та во однос на април 2012-та година, е зголемен за 3,4 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 4,5 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2013 година, во однос на април 2012 година е зголемен за 8.0 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11 проценти. Во периодот јануари- април 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3.2 проценти и тоа кај домашните туристи има намалување за 0.2 отсто, додека кај странските има зголемување за 5.4 проценти.
Во периодот јануари – април 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.9 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3.3 отсто, а кај странските има зголемување за 8.2 проценти.
OhridNews