Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2012 година, споредено со истиот месец 2011, забележано е зголемување на бројот на туристите и тоа за 5.9%. Бројот на туристи кои во ноември престојувале во земјава е 34.756.

Бројот на домашните туристи во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, е зголемен за 21.4%, а бројот на странските туристи е намален за 2.7%.

Во периодот јануари-ноември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите бележи зголемување од  2.9%.

OhridNews