Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2014 година изнесува 44.478, а бројот на остварени ноќевањата на територијата на Република Македонија изнесува 94.033. Споредено со истиот месец лани, бројот на туристите е зголемен за 5%, додека бројот за ноќевањата за 0,6%.

Статистичките показатели говорат дека бројот на домашните туристи во април 2014 година, во однос на април 2013 година, е зголемен за 12,4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1,1%. Оваа година во април било евидентирано и зголемување на бројот на ноќевања на домашните туристи за 2,8% и намалување на бројот на ноќевања на странските туристи за 1%.

Во периодот од јануари до април 2014 година, во однос на истиот период во 2013 година, бројот на туристите е зголемен за 3,5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8,4%, а кај странските за 0,3%. Во истиот период било евидентирано и зголемување на бројот на ноќевањата за 2,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,4%, а кај странските за 1,2%.

OhridNews