Исклучително сум задоволен од бројките кои се реализираа во првите пет месеци од годината во поглед на туризмот, рече премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи на последните податоци објавени од Државниот завод за статистика вчера според кои во месец мај годинава споредено со мај минатата година има повеќе од 22% туристи и повеќе од 15% ноќевања.
Кога ќе се гледа периодот од јануари до мај, првите пет месеци од годината имаме за 16% повеќе туристи и одприлика за повеќе од 12% остварени ноќевања што навистина претставува добар мотив за сите нас да продолжиме во таа насока. Охрид не е само наш туристички центар, денес ќе биде и културен центар, почнува фестивалот „Охридско лето“. Да испратиме порака дека во фокусот на оваа Влада и еден од значајните сегменти е и туризмот, рече Мицкоски.
И министерот за култура и туризам, Зоран Љутков ја потенцираше важноста на фестивалот „Охридско лето“ во поглед на привлекувањето на поголем број туристи во Охрид.
„Охридско лето“ оваа година 65. јубилејно издание. Инвестиравме доста средства во оваа манифестација. Очекувам по бројот на продадени карти и побарувања кои ги имаме, а и одлична програма која се нуди дека ќе се привлечат многу повеќе туристи во Охрид и регионот, додаде Љутков.
Н.С.Ј.