Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес во рамки на проектот „Безбедно лето 2023”, оствари средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи Запад, Секторот за внатрешни работи Охрид и Одделението за внатрешни работи Струга.
Министерот Спасовски беше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето на РЦ Запад, СВР Охрид и ОВР Струга, за состојбите со криминалитетот, како и за активностите кои се преземаат во насока на намалување на стапката на криминалитет во приоритетните области, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција.
Согласно презентираните показатели, безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на овие организациони единици на МВР е стабилна без индиции истата да биде нарушена, што е особено важно за граѓаните од овој дел, но и во рамки на генералната безбедносна оценка за државата. Бројот на туристи пред самиот ек на туристичката сезона е зголемен за 40% – престој на странци до 3 месеци, годинава таа бројка изнесува 50817 лица странци во споредба со истиот период минатата година кога таа бројка изнесуваше 36843. Протокот на патници на граничните премини кои спаѓаат во склоп на РЦ Запад споредбено со истиот период од минатат година 2023/2022 бележи зголемување за 16% односно регистрирано е влез/излез 1.527.153 во споредба со минатата година кога бројката беше 1.320.304 патници, информираат од МВР.
Во делот на илегалната миграција, додаваат во соопштението, се бележи намалување на илегални преминување на нашата граница како резултатат на мерките и активностите кои се преземаат на терен и добрата поставеност на службите. Откриени се 36 лица при обид за незаконско преминување на државната граница од кои 4 од Мароко , 3 од Сирија , 2 од Палестина, 2 од Холандија и 25 лица од Албанија.
Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 22%. Во делот на тешките кражби, во текот на 2023 година, бележиме намалување на овој вид пријавени кривични дела за 38%, споредбено со истиот период лани. Класичниот криминал на територија на СВР Охрид во првите пет месеци од 2023 година бележи намалување 20%. споредбено со истиот период 2022 година. Исто така бележиме намалување и во делот на економскиот криминал каде годинава во споредба со првите пет месеци од минатата имаме намалување за цели 38% на територија на СВР Охрид. Позитивен тренд се бележи и во областа на сообраќајот каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди, потенцираат од МВР.

На подрачјето на ОВР Струга во првите пет месеци од 2023 година компаративно со истиот период лани бележиме намалување за 28% на вкупниот број регистрирани кривични дела. Во областа на класичниот криминалитет пак оваа година имаме намалување за 31% споредбено со минатата година, додаваат во соопштението од МВР.
На крајот од средбата министерот Спасовски изрази уверување дека колегите од РЦ Запад, СВР Охрид и ОВР Струга и во наредниот период ќе продолжат со зголемен интензитет при реализацијата како на превентивните активности, така и на репресивните мерки, а со единствена цел – подигнување на безбедноста и заштита на граѓаните.
OhridNews











