Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во април 2012 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 3,4%, а кај аутпутот е зголемен за 3,6%.

Во април 2012 година, во споредба со април 2011 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103,5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,5.

Во делот аутпут, во април 2012 година, во споредба со април 2011 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 101,4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 113,9.

OhridNews