Според најновите информации од АМСМ сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози, со исклучок на патниот правец Прилеп – Градско, 1 км пред тунел Фариш, каде сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини , од македонска страна, нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews