Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.  На граничниот премин Богородица има чекање околу 30 минути, како за влез, така и за излез од државата, а на останатите гранични премини од македонската страна, нема подолготрајни задржувања , информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, а од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews