Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е со зголемен интензитет, а на граничните премини има задржување од 15 до 30 минути, информираа утринава од АМСМ.

Оттаму појаснуваат дека поволните временски услови овозможуваат нормално одвивање на сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата по суви и чисти коловози.

АМСМ упатува препорака до возачите да обрнат посебно внимателние на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде има можност за појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Повнимателно возење се препорачува  и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде во наредниот период од годината ќе се одвиваат градежни работи на пат.

OhridNews